Мемеди и Весели со по една победа на Европското првенство за младинци, нашите борачи чекаат шанса за репасаж

Мухамед Весели и Омер Мемеди извојуваа победи во првите мечеви на Европското првенство во борење за младинци (У-20) во Скопје. Но Весели во вторите борби загубија.
Сита наши борачи чекаат шанса за репасаж.
Ќе потсетиме дека вчера Илија Атанасовски славеше со 10-0, технички туш, против Унгарецот Роберт Балинт Ерделји, но во осминафиналето се сретна со претендентот за златниот медал Шамил Тамбиев од Русија и загуби со 0-10, кој, пак, во полуфиналето беше поразен во категоријата до 97 килограми и не му овозможи репасаж на нашиот борач .
Резултати Европско првенство У-20:
-61 кг
Суфијан Синани – Нуретин Емин Капал (Турција) 1/8 финале 2-5
-74 кг
Мухамед Весели – Гарцјан Јакуб Матјашек (Полска) квалификации 9-4
Мухамед Весели – Абдулах Накаев (Франција) 0-10
-86 кг
Реџеп Таири – Артур Костјук (Украина) 1/8 финале 0-4
-92 кг
Омер Мемеди – Јехор Хорох (Украина) 1/8 финале 3-0
Омер Мемеди – Дариуш Андријан Сас (Романија) 0-10



