Џон Џонс со пиштол е прецизен како и во октагонот (ВИДЕО)

Dzon dzons strela

Поранешниот УФЦ шампион Џон Џонс наскоро ќе се врати во октагонот по една година суспензија поради пад на допинг тестот.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, неодамна најави дека еден од најдобрите борци во светот може да добие шанса да се бори за појас во првиот меч по неговата суспензија. Противник ќе му биде победникот мечот меѓу шампионот Даниел Кормиер и Ентони Џонсон, кој е закажан за УФЦ 210.

Додека го чекате враќањето на Џонс, со редовен тренинг, си најде други хоби работи за да го исполни времето, а оваа недела беше на стрелиште и покажа колку е прецизен со пиштол. Не е далеку од својата форма во ММА.

https://youtu.be/fjiVno0Ajdw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО