Еди Алварез се подготвува за враќање во октагонот

Edi Alvarez borba

Откако загуби од рацете на Конор Мек Грегор на УФЦ 205, Еди Алварез, не се правда за настапот.

 „Ги поздравувам постигнувањата на Конор, симнувам капа на целиот негов тим.

За мојотнастап на мечот можам да кажам само дека се пресметав … Не направив ништо од она што го правев на тренинзите, дејствував токму спротивното од планираното. Начинот на кој водев оваа битка беше смртна казна. Отсекогаш сум кажувал – во овој спорт, на ова ниво, секоја мала грешка се плаќа скапо. И јас ги платив грешките“.

Но сега поранешниот шампион изгледа го надминал уништувачкиот пораз и е подготвен за нови подвизи. 33-годишниот борец ја објави следнава фотографија со која навестува со што ќе го видиме наскоро во кафезот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО