Алдо: Мек Грегор нема шанси против Мејведер

hoze aldo

Можната борба Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер Јуниор се уште е актуелна тема во медиумите и меѓу ММА борци, а овие денови ја прокоментира и Хозе Алдо.

Бразилецот пред повеќе од една година му го зеде појасот на Мек Грегор во перолесна категорија, но оттогаш Алдо бара реванш додека Ирецот се обиде во повисоките категории и стигна до појасот во лесна категорија, а потоа беше принуден да го предаде првиот кој повторно заврши во рацете на Алдо. Иако од Конор загуби за само 13 секунди, Алдо нема високо мислење за Мек Грегор, па не е за изненадува тоа што тој е убеден дека Ирцот нема шанси во бокс мечот со Мејведер.

„Пред се, не знаеме дали ќе дојде до таа борба или не. Многу работи се во игра. Мек Грегор е под договор и тешко дека ќе се случи, но ако тоа се случи, мислам дека нема шанси“, изјави Алдо и објасни:

„Мејведер има долгогодишно искуство во бокс натпреварувањата, не гледам како би можел да изгуби. Се разбира, тоа е борба, но тешко ни е на нас ММА борците да дојдеш во поинаков свет и да го предизвикаш еден од најдобрите во историјата. Не гледам ниту еден друг резултат освен победа на Мејведер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО