Дејан Митров ќе ја напаѓа 16-та титула првак на Македонија, а Александар Стојанов 9-та на ДП во Кочани

Државното првенство во борење за сениори во недела во Кочани е интересно и од статистички аспект, бидејќи Дејан Митров од Балканец има шанса да го зголеми билансот со најмногу освоени титули на државните првенства во поранешна Југославија и Македонија. Тој е неприкосновен на тронот со 15 титули.

Последната титула Митров ја освои лани откако во финалето славеше против Горан Стоилов од Спартак.

Шанса да го поправи својот биланс има тешкашот Александар Стојанов од Бучим, кој со 8 титули е 13-ти на листата на шампиони.

Митров постави рекорд кој тешко е достижен во наредните 10 години.

На вечната листа на најтрофејни борачи нема поместување, Николовски е втор со 13 титули, па следи покојниот Коце Ефремов од Спартак со 11 златни медали, додека нашите најтрофејни борачи Шабан Трстена и Шабан Сејди, од Лирија и од Скопје, по 10 пати се државни прваци, а друштво и прават Трајан Ангелов и Горан Атанасов од Бучим.

Понатаму на оваа листа следат Ристо Дарлев (Скопје), Љуљзим Вренези (Лирија) и Бобан Данов (Балканец) со 9, Мирко Димчевски (Вардар) и Шаип Бајрами (Скопје) се со 8 титули.

Државни прваци на Југославија и  Македонија

1.Дејан Митров (Балканец, Хедис)

2005, 2006, 2007, 2008, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 2020, 2021, 2022 -15

2.Чедо Николовски (Вардар, Бучим Јака)

1983, 1984, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989, 1990, 1991, 1992, 1993, 1994, 1995 – 13

3.Коце Ефремов (Спартак)

1975, 1976, 1977, 1978, 1979, 1980, 1981, 1986, 1988, 1993, 1996 – 11

4.Шабан Трстена (Лирија, Вардар, Скопје)

1981, 1982, 1983, 1984, 1985, 1988, 1989, 1990, 1996, 1997 – 10

5.Шабан Сејди (Скопје, Партизан Белград)

1976, 1977, 1978, 1980, 1982, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989 – 10

6.Трајан Ангелов (Бучим Јака)

1992, 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2002 – 10

7.Горан Атанасов (Бучим)

2001, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2011, 2012, 2016, 2019 – 10

8.Ристо Дарлев (Скопје)

1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1975, 1977, 1980, 1981 – 9

9.Љуљзим Вренези (Лирија, Скопје)

1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2002, 2003, 2004, 2009 – 9

10.Бобан Данов (Балканец)

2007, 2008, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2018, 2021 – 9

11.Мирко Димчевски (Вардар)

1977, 1978, 1979, 1980, 1983, 1984, 1987, 1988 – 8

12.Шаип Бајарами (Скопје)

1975, 1976, 1977, 1978, 1979, 1982, 1983, 1985 – 8

13.Александар Стојанов (Бучим)

2001, 2003, 2005, 2006, 2012, 2017, 2019, 2022 – 8

14.Киро Ристов (Балканец)

1972, 1973, 1974, 1975, 1976, 1977, 1979 – 7

15.Влатко Соколов (Спартак, Бучим)

1991, 1992, 1993, 1994, 1995, 1996, 1998 – 7

16.Дејан Богданов (Балканец, Бучим)

2005, 2006, 2007, 2010, 2011, 2013, 2014 – 7

Ова се податоци на Славчо Тодоров кој е еден од авторите на монографијата за македонското борење.

Ако се направи збир на титулите по клубови на овие 12-мина борачи БК Скопје е убедливо со најмногу титули 27, пред Вардар со 21, Балканец и Бучим со 20, Лирија 19 и Спартак со 11.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО