Нов успех на каратистите на Борче Лескаровски – освоени 26 медали на СКУ Промо турнирот

Уште еден голем успех на сенсеи Борче Лескаровски и неговите каратисти во Швајцарија изминатиов викенд. Каратистите на нашиот карате мајстор освоија 26 медали – 6 златни, 6 сребрени и 14 бронзени на најголемиот СКУ Промо турнирот за деца и млади во Бил Бине, Швајцарија. Со овој резултат Кашивакан го освои високото петто место.

На турнирот настапија 450 каратисти со 860 натпреварувачки велзови од 28 клубови од цела Швајцарија.

„На турнирот присуствувааа и хендикепирани деца и млади паракаратисти, што го направија поинтересантен!“, вели сенсеи Лескаровски.

Уште еднаш се покажа дека клубот на сенсеи Борче има место меѓу најуспешните клубови во Швајцарија и пошироко.

На турнирот присуствуваше и преседателот на Швајцарката карате до федерација! Кој му одаде големо признание на нашиот Лескаровски.

Ние ќе речеме браво за нашиот сенсеи Борче Лескаровски!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО