Дејан Георгиевски со бронза од Медитеранските игри

Дејан Георгиевски ќе се задоволи со бронзен медал на Медитеранските игри во Оран (Алжир) откако не излезе на татамито против Марканецот Ајуб Басел. Поради дехидрација и стомачен вирусм неговиот тим одлучи Дејан да го прекине денешниот победнички поход.

Секако дека сите жалиме што му се случува ова на нашиот Деки, но најважно за него е да биде здрав. Ќе има уште натпреарувања на кои Македонецот ќе покажа дека е еден од најдобрите, ако не и најдобар во светот во својата категорија во таеквондо.

Во четвртфинална пресметка со Египќанецот Ахмад Мохамад Георгиевски победи со 20-18 и тоа со пресврт. Пред завршниот период губеше со 12-14 и со тоа сега најдобриот таеквондист ќе има шанса да додаде медал во својата ризница, а секако највредниот му е од ланското лето и среброто од ЛОИ во Токио.

На МИ во Тарагона пред четири години Георгиевски освои сребро.

Денеска настапи и Сања Поповска која загуби во првото коло од Ашаркат Дарвиш од Египет со 7:5. Во рамноправна борба решија нијанси. Ти посакуваме среќа во следните натпреварувања Сања.

Утре Анамарија Георгиевска (-67 кг) се бори против Зорана Сандиќ (Босна и Херцеговина).

Македонија на овие Медитерански Игри веќе освои едно злато и една бронза, преку борачите Могамедгаџи Нуров кој се закити со најсјајното одличје, односно Владимир Егоров со бронза.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО