Гужва надвор од октагонот: Дастин Пориер и Мајкл Чендлер ги смируваше обезбедувањето (ВИДЕО)

Борците Израел Адесања и Александар Волкановски успешно ја завршија задачата на настанот УФЦ 276 во Лас Вегас и ги одбранија шампионските појаси.

Изи со рутинска победа против Џаред Канониер по петти пат го одбрани појасот во средна категорија, додека Александар по трет пат со одлична тактика го совлада Макс Холовеј во одлична борба.

Тоа беше четврта одбрана на титулата во перо категорија за Австралиецот со македонско потекло.

Алекс Переира го нокаутира Шон Стрикленд во првата рунда, а Брајан Барберена со прекин во втората рунда го победи Роби Лоулер.

Но, беше возбудливо и надвор од октагонот во Т-Мобиле арена.

Имено, на социјалните мрежи се прошири видео од борбата меѓу двајца борци во лесна категорија на УФЦ, Дастин Пориер и Мајкл Чендлер.

Тие биле снимени за време на гужвата, а од обезбедувањето била спречена евентуална физичка пресметка.

Шампионот на УФЦ во полутешка категорија Јиржи Прохаска збунето го гледаше нивниот спаринг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 5thRound (@5th_round)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО