Дејан Георгиевски може да го повтори во финалето со Ларин од ОИ на „Президент купот“

Дејан Георгиевски денес ќе го има првиот меѓународен настап за оваа година по освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио минатата година на Президент купот во Тирана, Албанија, од серијата Г2.

Нашиот таеквондист за едно два часа ќе ги одмери силите со Ерик Фармакс (Шведска)/ Спири Ангелопулос (Грција) во категоријата над 87 килограми.

Во четвртфиналето, ако ја помине оваа препрека, ќе се соочи со победникот од Омар Ел (Франција) – Баујарза Хасенов (Казахстан)

А со противникот од финалето во Токио Владислав Ларин може да се сретне во финалната борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО