Руската машина за победи го нокаутира Мариуш Вах (ВИДЕО)

Арсламбек Махмудов ја забележа својата 14-та последователна победа во професионалниот ринг, нокаутирајќи го Мариуш Вах во шестата рунда од нивната борба во тешка категорија, која беше главна на гала вечерта во Монтреал, Канада во текот на викендот.

Победникот ги задржа титулите на Северноамериканската боксерска асоцијација – НАБА и Северноамериканската боксерска федерација – НАБФ кај најтешките, што ги освои минатата година, нокаутирајќи го Павел Сур во првата рунда.

Победата над Вах беше втора одбрана на појасите за Махмудов, откако кон крајот на септември успешно ги одбрани против Еркан Тепер.

Мечот против Мариуш Вах беше 14-та победа во 14-те нокаут мечеви за 32-годишниот руски боксер. Со победата Махмудов, кој е висок 197 сантиметри, влезе во првите 30 на авторитетното боксерско рангирање на сајтот – „Боксрец“, заземајќи го точно 30. место. Ова е скок за 8 позиции.

Една од импресивните победи на Махмудов е против поранешниот светски шампион Самуел Петер. Ова се случува во јули 2019 година, а победата доаѓа по нокаут во првата рунда за рускиот боксер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО