Фјури и Вајт на 23 април ќе се пресметаат на „Вембли“

Британскиот боксер Тајсон Фјури стана светски првак во тешка категорија со нокаут против Деонтај Вајлдер минатата година, но ќе мора да го брани шампионскиот појас против сонародникот Дилијан Вајт на 23 април на „Вембли“.

„Скај Спорт“ објави дека Фјури и Вајт минатиот викенд ги договориле деталите од спектакуларната борба, која наводно е закажана за 23 април на познатиот стадион.

Вајт во март минатата година го совлада Русинот Александр Поветкин во борбата за интернационалниот појас во ВБЦ, додека Фјури во октомври ја одбрани титулата во тешка категорија против Вајлдер.

Победникот од дуелот меѓу Фјури и Вајт би можел да се бори за обединување на сите појаси против победникот од реваншот меѓу Украинецот Александр Усик и Британецот Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО