Поранешниот УФЦ-борец Дарко Стошиќ (14-4) во март дебитираше успешно во КСВ. Во првата борба за најсилна европска ММА промоција го победи Полјакот Михал Влодарек со нокаут во втората рунда. Српскиот борец повторно е во акција и ќе настапи на КСВ 61 во Гдањск на 5 јуни против Михал Кита (20-12-1).
Имено, Стошиќ ја прифати поканата на промоцијата и скокна како замена за Американецот Џаја Силва. Доколку Дарко ја добие таа борба, би можел да обезбеди место во борба за титулата.
Последната борба Кита ја имаше против шампионот Филип Де Фрис, која ја загуби со технички нокаут во втората рунда.
Настанот во Гдањск е предводен од борба во тешка категорија меѓу Мариуш Пуџијановски и Лукаш Јурковски.
Во борбата за титулата, Филип Пејиќ се бори против Французинот Салахдина Парнасус.