Душко Тодоровиќ доби нов противник за следниот настан на УФЦ

Душко Тодоровиќ (10-1) ќе настапи на следниот настан на УФЦ закажан за 5 јуни, предводен од судирот меѓу Жаирзињо Розенструик и Августо Сакаи. Српскиот борец требаше да се бори со Макија Питола на УФЦ Фајт најт 189, но Американецот се откажа поради повреда.

Тој беше заменет со Бразилецот Грегори Родригес (9-3). Бразилскиот борец со прекар Робокап минатата година се натпреваруваше во УФЦ „Серија на кандидатите“ каде загуби против Џордан Вилијамс.

Оваа година се натпреваруваше во ЛФА настаните каде извојува две победи против Ал Матава, а минатата недела го победи Џош Фремд и ја освои титулата во средна категорија.

Тодоровиќ последната борба ја имаше во јануари кога загуби од Пунахеле Соријан, тоа беше негов прв пораз во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО