На 22 години почина успешна хрватска таеквондистка и освојувачка на бројни медали

Спортот во Хрватска го погоди трагична вест за смртта на 22-годишната Хана Влашиќ која во кариерата успеа да стане повеќекратна шампионка и иако млада беше важна фигура во хрватското таеквондо.

Во овој спорт успеа да остави длабока трага во својата земја. Зад себе има бројни државни медали и повеќе меѓународни титули како: Европска кадетска шампионка од Родос во 2017 година, европска јуниорска шампионка во Анталија 2019 година и петто место на Светското првенство во кадетска конкуренција во Перу 2016 година.

„Хана ќе остане вечен пример за вистинска спортистка целосно посветена на своите цели. Нејзиниот белег ќе остане запаметен засекогаш“, објави Хрватскиот таеквондо сојуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО