Бремена новинарка добива смртни закани поради контроверзната боксерка Имане Келиф

Имане Келиф беше главна тема на Олимписките игри во Париз, откако го освои златниот медал во конкуренција до 66 килограми, но најмногу се пишуваше за нејзиниот пол.

Оваа недела повторно е актуелен случајот, откако француски новинар објави дека Келиф не е жена, туку маж, според медицински извештај од 2023 година.

Оваа вест ја пренесоа голем број медиумите, меѓу кои и „Сан“. Веста во британскиот медиум ја објави новинарката Лаура Вудс која се соочува со закани по животот.

„Добивам смртни закани по мојот живот, но и на моето неродено дете. Ми испраќаат грозни пораки и бараат отказ“, вели Вудс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО