Даниела Алексовска се пласира во полуфиналето на Светското MMA првенство

Даниела Алексовска имаше феноменална прва борба на Светското првенство во МMA и се пласира во полуфиналето на турнирот што се одржува во Ташкент, Узбекистан.

Алексовска во рамки на четвртфиналната борба што се одржа утринава ја победи Арија Чудари од Индија со предавање. Во полуфиналето во категоријата до 52 килограми во конкуренција на јуниори, Македонката ќе ги одмери силите со Ебигејл Алварез од САД. Американката е сериозен ривал, која има освоено злато на Пан-Американските игри годинава, а пред две години била светска шампионка во јуниорска конкуренција, но во категоријата до 47,6 килограми.

Борбата е закажана за утре, а со победа Алексовска ќе се бори во финалето и ќе има освоено најмалку сребрен медал на Светското првенство, што секако ќе биде историски успех за македонскиот спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО