Вардар и Лозница утре во Скопје го означуваат почетокот на Регионалната боксерска лига

Утре од Скопје почнува Регионалната лига во бокс со средбата меѓу Вардар и Лозница од Србија.

Мечот ќе се одржи во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот, без присуство на гледачи, но со пренос на ТВ Аренаспорт 1.

Од нашите боксери треба да настапат Јасин Лама, Октај Фератов, Ардијан Аземи, Хурмет Јонузи, Беќир Лимани и други, но ќе има засилувања од Србија и од Косово во категориите каде што сме слаби во сениорска конкуренција.

Претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски, очекува добар бокс и добра организација, а за македонските боксери ова ќе биде од оголемо значење, бидејќи така ќе имаат повеќе борби и ќе се стекнат со соодветно искуство.

Димовски вели дека долгорочно македонскиот бокс ќе има придобивки од натпреварувањето во Регионалната лига, а целта е да се подготват боксери за големите меѓународни натпреварувања.

Распоред на 1.коло:

Група А

Вардар Скопје – Лозница (27.05.2021)

Железничар Сараево – Подгорица (28.05.2021)

Група Б

Витези Загреб – Радник Бјелина (05.06.2021)

Црвена звезда Белград – Марибор (29.05.2021)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО