Почина боксерскиот фанатик Јадигар Џеладин

По долго боледување почина тренерот на Боксерскиот клуб Тернипе од Шуто Оризари Јадигар Џеладин.

Јадигар е основач на Тернипе, а тој боксерската кариера ја почнува во БК Скопје, потоа продолжува да боксира во Косово. По завршувањето на кариерата се оддава на тренерската работа во Тернипе. Тренер кој ја мобилизира ромската младина да ја тренира благородната вештина. Боксери од неговиот клуб беа државни прваци на Македонија, а некои се обидоа и во професионалните води.

Сочувство до семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО