Бобан Илиоски со нокаут во првата рунда стигна до финалето на Европското кик бокс првенство

Бобан Илиоски се пласира во финалето на Европското кик бокс првенство за сениори во Атина, Грција, и ќе се бори за златниот медал.

Илиоски во полуфиналето славеше против Гркот Филис Христос 3-0, односно со нокаут пред крајот на првата рунда.

Така, Илиоски ќе ја брани шампионската титула и златниот медал од пред две години против Ерик Нивегловски од Полска, кој во полуфиналната борба беше подобар од Стефан Добријевиќ од Босна и Херцеговина 3-0.

Вчера Стефан Михајловски го освои бронзениот медал.

На ЕП настапуваат 982 кикбоксери со 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.

Резултати – Европско првенство кик бокс:

Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Петар Јаман (Хрватска) 3-0 ¼ финале
Полуфинале
Бобан Илиоски – Филис Христос (Грција) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Ерик Нивегловски (Полска)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО