Аперкат одбележа 14 години од постоењето, Гоце Јанески најуспешен македонски боксер во периодот

Боксерскиот клуб Аперкат одбележа 14 години од постоњето.

Клубот во овој период ќе се пофали со бронзен медал на Балканското првенство за сениори.

Гоце Јанески на Балканско првенство во Анталија, Турција, во 2019 година, во категоријата до 75 к го освои бронзениот медал, а во полуфиналето во рамноправна борба загуби од косовскиот боксер Бесрат Пирева, притоа победата можеше да му биде доделена и на нашиот боскер.

Јанески претходно го свои Златниот гонг во 2016 година. Јанески (-75 кг) во финалето на „Златниот гонг“ го совлада Арменд Незирај од Косово со едногласна одлука на судиите 3-0.

Гоце учествуваше и на олимписките квалификации во Лондон за Олимпијадата во Токио 2020/21 година.

Досега, Гоце Јанески е најуспешен македонски боксер во Регионалната бокс лига со скор 8-2. Јанески го освои во 2017 по трети пат го трофејот на „Мечот на шампионите“.

Секако, клубот ги одбележа и успесите на Јасмин Мифтар, Кире Јаневски, како и на помладите боксери Стефан Петрушевски, Христијан Рајков и други.

Зад кои стојат успеси, односно освоени пехари во Црна Гора, Србија, Косово и Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО