Тринаесет медали за Д’Стронгест на АДЦЦ Европското првенство за јужна Европа во Белград

Вчера во Блеград се одржа Европско АДЦЦ првенство на кое настапија 12 натпреварувачи од најуспешниот македонски клуб во бразилско џиу џицу Д’ Стронгест и се закитија со 8 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали.

Златни медали освоија Антонио Трајковски, Томи Блажевски, Иван Сапунџиев и Алек Костов во детска конкуренција, а во јуниорска Даниела Алексовска која ја победи светската АДЦЦ вицешампионка, и Марко Трајановски.

Во сениорска категорија на главниот настан кој беше пренесуван во живо на  Аребна фајт извојуваа победи и се закитија со злато Даниела Алексовска и Стефан Пецевски.

Покрај нив сребро освои Лука Стојановски, а бронзени медали земаа Леонид Димовски, Горазд Василевски, Стефан Митров и Петра Џатевски.

„Д Стронгест” освои 2 пехари за трето место во детска и во сениорска категорија.

Тимот составен од тренерите Алексовски Ивица и Стефан Пецевски и единствениот македонски натпреварувач, Даниела Алексовска патува за Узбекистан, каде што ќе биде дел од Светското ИММАФ првенство.

Даниела вчера освои два златни медали (2 х европски АДЦЦ шампион), а од среда ќе биде во категорија на светската ММА елита.

„Се надеваме дека и од ова светско првенство ќе се вратиме со медал“, велат од Д’Стронгест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО