Даниел Стефановски – Да Круз на 6 мај во Мадрид

Македонскиот кикбоксер Даниел Стефановски го доби противникот за настанот на Суперкомбат во Мадрид, Шпанија. Стефановски ќе се бори со Да Круз од Шпанија.

Да потсетиме дека Даниел е во страшна серија од четири победи во Суперкомбат во К-1. Ако го совлада Шпанецот ќе избори место за големото финале во САД.

Последната победа во категоријата до 81 килограм во К-1 му беше пред две недели над Иманол Родригез од Шпанија на Суперкомабат настанот во Букурешт.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО