Топ 5: УФЦ ги избра најголемите борби на Миочиќ (ВИДЕО)

Полека се приближува 13 мај и ноќта во која Стипе Миочиќ ќе го брани шампионскиот појас , но воедно и да се одмазди за последниот пораз во својата кариера.

Во главната борба на настанот во Далас ќе го пречека неговиот стар познаник и поранешен шампион во тешка категорија Жуниор дош Сантос. Во случај на победа, Стипе, освен израмнување на сметките, ќе го изедначи рекордот за најмногу последователни одбрана во тешка категорија (2).

Со приближувањето на УФЦ 211 расте и неговата промоција, па така од УФЦ ги издвоиле, според нив, петте најголеми борби во кои учествувал актуелниот шампион во тешка категорија.

– РОЈ НЕЛСОН (УФЦ 161, 15 јуни 2013 година)

Првиот настап по првиот пораз во неговата кариера (со Стефан Струве) и доминантна претстава против ветеранот на УФЦ.

https://www.facebook.com/RealMuzaffar/videos/10151624557416697/

– ЖУНИОР ДОШ САНТОС (УФЦ на Фокс 13, 13 декември 2014)

И покрај поразот, Стипе со овој настап дефинираше ново поглавје во неговата кариера и ги постави темелите за изградба на позицијата во која се наоѓа денес.

https://youtu.be/Q_UFzkEzdAM

– МАРК ХАНТ (УФЦ Фајт најт 65, 10 мај 2015 година)

Борбата во која „Супер Самоанецот“ изгледаше како оној  обичниот. Миочиќ направи невидено демолирање на вистинската легенда на боречките вештини.

https://www.facebook.com/nihad.basic.165/videos/671701206307205/

– ФАБРИЦИО ВЕРДУМ (УФЦ 198, 14 мај 2016 година)

Историскиот ноќ во која Стипе го презема престолот пред 45.000 фанови на Вердум.

https://youtu.be/hj08V4hdowU

АЛИСТЕР ОВЕРЕМ (УФЦ 203, 10 септември 2016 година)

Рем падна и Миочиќ го собори еден од најуспешните тешкаши во историјата на спортот. Во луда атмосфера во Квикен лоанс арената, како и уривањето на проклетството на градот Кливленд, се зборуваше со месеци по битката.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО