Дана Вајт му порача на Мјеведер: Ако го саакаш Мек Грегор, повикај ме

Conor-McGregor-i-Floyd-Mayweather

Суперборбата меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор лесно може да стане реалност. ако Мејведер потпише за УФЦ…

Мек Грегор се уште нема доворено борба, но не му недостига внимание. Возвратниот меч со Нејт Дијаз привремено падна во заборава, но главната приказна, овие денови е потенцијалната пресметка со непоразениот боксерски шампион и најплатен спортист во светот, Флојд Мејведер. Колку е невозможно да се дојде до овој меч не потсети претседателот на УФЦ, Дана Вајт, гостувајќи во шоуто на Дан Патрик.

„Конор Мек Грегор е под договор со УФЦ. Слушај, ако сакаш борба со Конор, повикај ме Флојд“.

Ете, Вајт уште еднаш ги негираше гласините, кои беа инициран од страна на Мејведер и неговиот тим, па не врати во реалниот свет, односно во оној делвниот. Иако Вајт не би имал ништо против промоцијата што би ја направила оваа борба за УФЦ, шансите Мек Грегор да добие благослов и да настапи надвор од октагонот очигледно не постојат. Од друга страна, идејата Мејведер да навлече униформа на Рибок доствано е луда.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО