Вондерлеј Силва удрен со автомобил

Vonderlej silva gro plan

Вчера бразилската ММА легенда, Вондерлеј Силва, настрада во сообраќајна несреќа. Борецот бил удрен од автомобил додека се враќал дома од вежбање. Најверојатно ќе биде опериран, бидејќи повредите на неговото рамо се сериозни.

Се уште не е јасно како точно се случила сообрќајката, затоа што има само порака на официјалниот профил на Силва на Фејсбук, која гласи:

„Вондерлеј беше удрен од автомобил, кога се враќаше од вежбање. Повредено е рамото и ќе треба да го оперира. Молете се за нашиот шампион“.

Му посакуваме брзо закрепнување, за да не ги поречи плановите на борецот за оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО