Бадр Хари уапсен на аеродромот во Казабланка

Badr hari Kazablanka

Бадр Хари во четвртокот е уапсен на аеродромот Мохамед V во Казабланка.

Тој беше на пат кон Холандија. Не е познато зошто борецот е уапсен овој пат, објави веб-сајтот Мароко Ле 360, кој се повикува на извор во полицијата,

Хари (31) се најде во неколку инциденти ситуации во мароканскиот град Маракеш, но не е јасно дали е уапсен поради тоа.

Неговата адвокатка Бенедикт Фич за Ад изјавила дека не знае ништо.

Бадр Хари минатата година беше осуден вкупно на 24 месеци затвор во Холандија, 10 условно. Бидејќи некое време одлежа, му остана уште 6 месеци да отслужи.Има поднесено жалба до Врховниот суд, Хари можеше да оди во Мароко и таму да го ужива  животот на ѕвезда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО