Владимир Кличко направи промени во подготвките за реваншот со Тајсон Фјури

Klicko na podgotvki

Владимир Кличко направил неколку корекции во подготовките за реваншот со Тајсон Фјури. Тоа го призна поранешниот светски шампион во супер тешка категорија, кој наскоро ќе се обиде да си ги врати појасите на ВБА, ВБО и ИБО. Тие ќе се сретнат на 9 јуни во Манчестер (Англија). Во ноември минатата година Британецот го победи Кличко на поени.

„Анализата на грешките секогаш била една од моите силни страни. Тренерот Џонатан Бeнкс и јас си ја напишавме домашната задача. Генерално, програмата за подготовките ми останува иста, но сега се зависи од деталите. Ги направивме потребните корекции и јас сум исклучително мотивиран да се справам и да си ги вратам титулите“, изјави Владимир Кличко.

Веројатно тој и „Циганскиот крал“ ќе се борат пред полни трибини, бидејќи само за 15 минути по пуштањето на билетите во продажба биле разграбени 15.000 парчиња од вредната хартија. Во исто време, капацитетот на „Манчестер Арена“ е 21.000 гледачи. Евтините категории на билетите веќе се распродадени. Се уште има слободни места кои чинат 198,88 фунти. Најскапите билети пак се продаваат по цена од 1073 фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО