Бронзениот медал на ЕП во карате: Зошто останаваме на еднина, наместо да зборуваме за медалите!?

karate ekipa na EP 2016

Карате спортот со години е еден од најуспешените спортови во нашата земја желна за спортски успеси. Традицијата на освојување трофеј од европските шампионати продолжи и минатиот викенд во Монпелје-Франција, кога Емил Павлов го освои бронзениот медал во борби.

Едноставното размислување е освоивме медал! Одлично! Браво! Но, имаме ли право да бараме повеќе кога за тоа имаме потенцијал и кога клубовите и Карате федерацијата вложија поголеми средства, а не е занемарлива и помошта на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олмписки комитет!? Да, имаме право, затоа што имаме каратисти што може да се вмешаат во борбата за медали. Тогаш, која е причината што не се (на)прави решавачкиот чекор за да се збогати колекцијата за уште најмалку два медала?

Можеби една од причините е 36 часовното патување со автобус до Франција. Кога веќе АСМ додели извесна сума на пари, а дел од клубовите си го финансираа патувањето на ЕП, зошто тогаш не се отпатува со авион? Немаше ли да бидат по одморени репрезентативците? Дали тогаш немаше да направиме техничка грешка во екипниот дел на натпреварувањето со Англија? И верувам дека оваа репрезентација во екипниот дел ќе имаше добар успех. Исто така, и челинџите директно влијаеле за збогатување на нашата ризница во поединечниот дел.

Од друга страна, мора да се води сметка за настапот на каратистите, однонсо колку повреди имале во изминатиот период, кој  од нив добивале класични нокаути, што е битно за нивната психо-физичка, но и здравствена состојба. Мора репрезентативците да вежбаат со тренери, а не тоа да го прават една недела само на подготовките. Кога се патува, мора да се има комотност, ведра атмосфера и да не се прават испади по пат, за да се докажува кој е главниот, а зборувањето е заморна работа, бидејќи мозокот сака да се одмора, како што налага и самата вештина.

Значи, имаме право да бараме поголеми успеси! Зошто?

Во овој случај ќе го парафразирам големиот стратег и спортист од овие простори, а за некои од нас и од заедничката држава, Ратко Рудиќ, кој кога беше селектор на југословенскага ватерполо репрезентација рече „се што ќе освоиме под злато е неуспех“. За нас оваа изјава би се модифицирала поинаку, ако не освојат медал може да се рече дека е неуспех. Зошто? Затоа што имавме тројца претенденти за бронзен медал, уште тројца имаа прилика да дојдат до борбата за медал, технички грешки во екипниот дел. Затоа што имаме потенцијал, кој со одредени корекции би можел уште повеќе. Затоа што Карате федерацијата е најорганизираната спортска организација кај нас. Затоа што имаме тренерски кадар. Затоа што имаме судиски кадар. Затоа што имаме каратисти. Но, го имаме и македонското проклетство на комитата и кодошот и чауш кодошот, нешто што треба најбрзо да се отстарни.

Светското првенство не е далеку, затоа максимално да се вложиме и  да имаме што поголем успех со повеќе медали.

Ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО