Бригс му обајви примирје на Кличко (ВИДЕО)

brigs ovn

Кловнот Шенон Бригс најави привремено примирје со светскиот шампион Владимир Кличко. Скандалозниот американски боксер записот го направи во фома на специјално видео-соопштение до Украинецот, во кое најави дека нема да го малтретира за време на божиќните и новогодишните празници. Освен тоа, Бригс на Кличко му чститаше за раѓањето на неговото прво дете.

„Го почитувам семејството и ќе те оставам на мира за празниците. Потоа, сепак, пак ќе те бркам до дупката“, отсечно порача ветеранот, кој се обидува да го привлече вниманието на Кличко и на неговиот промотор.

Кличко и повеќето негови фанови не го сфаќаат сериозно Бригс, иако неодамна Кличко изјави дека цеосно не ја исклучува можноста еден ден да се соочи со него.

Интересно е што Бригс последното видео-соопштение го направи од шатор.

„Спиев во Сибир минатата ноќ! Среде шумата“!- прецизираше Бригс на „ Инстаграм“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО