Борбата на шампионите во кати заврши со победа на Абдурахим Идризи!

Abdurahinm i drugiote na tron

Една од најинтересните конкуренции на денешниот „Фунакоши опен 2015“ беше онаа за родени 2001 година во кати. Во оваа конкуренција на  мегдан излегоа поранешниот балканскиот првак, Абдурахим Идризи (КК Форца), Кошчевиќ од Хрватска- бронзен медал на Балканското првенство и шампион на неговата земја, Јован Васиќ од Велес е актуелен шампион на Балканот, а Георги Бановски е петти на БП.

Идризи по двојниот триумф на „гранд при Кроација опен“ најави дека годинава ќе даде се од себе повторно да се врати на тронот. Тој денес прво го совлада Кошчевиќ со максимални 5-0 (со катата канкушо), а во полуфинале го совлада Георги Бановски, исто така со максимални 5-0 и во финалето се сретна со актуелниот балкански првак Јован Васиќ, кого го совлада со 4-1 ( со катата унсу).

Во оваа категорија уште учествуваа Боев Матеј и Христијан Димитриевски. Ваквата концентрација на квалитет може само да не радува.

ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО