КК Урбан инвест најдобар на „Фунакоши опен 2015“!

Urban invest na Mavasi open

Екипата на КК Урбан инвест од Кавадарци е најуспешна на Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин опен 2015“. КК Урбан Инвест вкупно освои 49 медали од кои 17 златни, 17 сребрени и 15 бронзени медали.
Покрај победничкиот пехар, тие го освоија и пехарот за најмасовен клуб на турнирот. Владанка Аврамова од истиот клуб го освои пехарот за најдобро изведување на кати на турнирот.

Tabela na najuspesni klubovi na Funakosi

Потоа, како јауспешни клубови следуваат Фунакоши Гичин (15-9-16) Металург (8-6-3), Олимпик Спорт (8-3-1) и Форца (7-8-6), но ова е според бодирањето на турнирот, односно за прво место се добиваат три бода за второ два и за трето еден. Додека според бројот на  медалите третопласиран е Олимпик спорт, по Урбан инвест и Металург.

Forca na Funakosi

На турнирот учествуваа 432 натпреварувачи или по категории 519 од три земји: Македонија, Хрватска и  Косово. Беа прикажани квалитетни борби и  изведби на кати. Ќе спонеме само некои до комплетирање на извештајот, како: Филип Несторовски, Димитар Јакимов, Абдурахим Идризи………….

Dimitar i Filip nestorovski

Филип Несторовски и Димитар Јакимов (Партизан-Кочани) за краток период се сретнаа по трети пат, како и по обичја нивната борба беше неизвесна до самиот крај, а каратистот на Металург стекнатото водство успеа да го сочува иако кочанецот Јакимов напагаше и ја имаче можноста во последните секунди да направи пресврт и да победи. Сепак, Несторовски победи и  направи 3-0 во нивните средби. Двајцата докажаа дека се најдобрите кадети во оваа категорија и може од нив да очекуваме уште интересни борби, но и добри меѓународни настапи.

Dimitar Jakimov Funakosi

Драгана Манговска од Металург беше супериорна во својата категорија во кадетска конкуренција, додека Сајра Морина (Форца) и Василија Христиќ (Партизан -Кочани) во категоријата до 54 кг за родени 2001 година прикажаа одлични борби и го демонстрираа раскошниот талент, а во финалето нивната борба заврши нерешено и со судиско изјаснување победи Морина.

Lidija Hristik

Од гостите најсилен впечаток оставија натпреварувачите од Хрватска, која всушност беше кадетско -јуниорска репрезентација, а настапуваше под името Загребачки карате савез.

Сите резултати: „Фунакоши Гичин опен 2015“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО