БОМБАСТИЧНО: Ристо Димитров-Чурино ќе се бори во ММА во САД!

 Churin 1

Страницата GRAVITY Fighting Championships објави бомбастична информација: „Ристо Димитров е борец од малата држава во Источна Европа што се вика Македонија (БЈРМ). Тој ќе допатува во САД и ќе проба да го оствари својот сон-да направи име во ММА светот“.

Потоа се наведени генералиите за него.

-Сон на секој борец е да отиде кај најдобрите и најголемите, каде што се вртат и големи пари, изјави за ipon.mk Ристо Димитров-Чурино од Битола од „Игор ММА“, при што ни објасни дека таму треба да победи доста јак борец, кој е локална ѕвезда, за да може да оствари повеќе борби, но и да заработи повеќе пари, што ќе му го продолжат претстојот во САД.

– Ова е уникатна шанса. Живи и здрави. Да ја победам првата борба, а потоа уште со неколку победи, се надевам дека може да просперирам во една од водечките ММА организации, Белатор или УФЦ. Да бидам првиот борец од Република Македонија што ќе настапи во Белатор или УФЦ,-истакнува Димитров.

churin 2

Тој нагласува дека во Македонија е дојден неговиот тренер и дека всушност, тој средил работите да течат во позитивна насока. А работите што му ги покажал, ни на сон не можел да ги види. Затоа бара поддршка на страницата и на сајтот на GRAVITY Fighting Championships со лајкување на неговото име, за да котира што повисоко.

За GRAVITY Fighting Championships Димитров наведува дека љубовта спрема боречките вештини го натерала на овој чекор. И кажува дека неговата желба е да биде во 10-те најдобри ММА борци. Јапонските вештини му се инспирација да се насочи кон ММА светот, а и како начин на живеење.

Димитров кажува дека сака да биде најдобар во секој поглед и дека најмногу ги сака победите.

ipon.mk/В.Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО