Пулев: Со „Зауерланд“ ќе завладеам со светот! (ВИДЕО)

pulev 2015

Бугарскиот професионален боксер, Кубрат Пулев, нема трпение да ја започне работата со својот нов тренер, Ули Вегнер. По многуте перипетија дали да го смени промоторот или не, популарниот Кобра реши да ја продолжи соработката со Германците од „Зауерланд“, кои се грижат за неговите интереси уште од неговиот прв натпревар во во 2009 година.

Сепак, Пулев ќе има нов тренер, откако клубот не го обнови договорот со досегашниот тренер Ото Рамин.

„Многу сум среќен што го продолжив договорот со „Зауерланд“. Добро работевме заедно и ќе продолжиме да го правиме тоа. Со нивната поддршка ќе имам можност да се вратам во најдобра форма. Целта е јасна – нов натпревар за светската титула  Овој пат ќе ја освојам. Заедно ќе завладееме со светот“, изјави Пулев за германските медиуми.

Пулев е задоволен и од новиот тренер – Ули Вегнер, кој работи со најдобрите боксери на компанијата.

„Тој е еден од најпочитуваните тренери во целиот свет, еден од најдобрите. Добар во бизнисот. Неговото искуството ќе ми биде од непроценлива помош ми да станам светски шампион. Немам трпение да почне првиот наш тренинг“, истакна Кобрата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО