Бобан Илиоски на подготовки во Холандија за ВАКО Про Арена фајт турнирот

Бобан Илиоски утре заминува во Холандија на подготовки за учество на ВАКО Про Арена фајт турнирот што ќе се одржи на 24 март во хотелот Сплендит во Будва. На овој турнир во една вечер преку елиминации ќе се борат најдобрите борци шампиони во ВАКО до 86 кг во дисциплината К1.

Првичниот договор е да учествуваат 8 борци по принцип на елиминации, но поради повреда на неколкумина кикбоксери ќе настапат четворица, а тоа се:

1.Бобан Илиоски – Македонија
2.Борна Манојловиќ – Хрватска
3.Алберт Угринчиќ – БиХ
4.Филип Секуловиќ – Црна Гора

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО