Бобан Илиоски на 11 март ќе ги одмери силите со Леви Кујкен во Белгија

Бобан Илиоски на 11 март ќе ги одмери силите со белгискиот борец Леви Кујкен во К1 до 85 кг (3 рунди по 3 минути) на настанот Фајт најт топ екшн во Турнхоут во Белгија. 

Ќе посетиме дека Илиоски заминува на подготовки во Холандија на ВАКО Про Арена фајт турнирот што ќе се одржи на 24 март во хотелот Сплендит во Будва. На овој турнир во една вечер преку елиминации ќе се борат најдобрите борци шампиони во ВАКО до 86 кг во дисциплината К1.

„Оваа понуда Илиоски ја доби откако беше направена целокупната организација за подготовките, од причина што овој меч претставува перспектива и позитивен рејтинг за спортската кариера на Илиоски, истата беше прифатена од наша страна“, вели тренерот Дејан Митровски-Урко.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО