Вероника Рјабоволова е петта на „Дан Колов Никола Петров“

Натурализираната Македонка Вероника Рјабоволова е поразена во борбата за бронзата од Миглена Селишка од Бугарија на еден од најсилните меѓународни турнири во светот „Дан Колов Никола Петров“ во Софија, Бугарија.

Селишка славеше со 5-0, па така Рјабоволова го освои петтото место, а тоа епоказател дека на ЕП ќе може да се вмеша во борбата за висок пласман.

Да потсеите дека Бесир Алили вчера се закити со бронза во категоријата до 57 килограми откако во решавачката борба за медал славеше против Романецот Разван Ковач со 5-3.

Резултати

-50 кг
Вероника Рјабоволова – Сара Хамди (Тунис) 6-0
Вероника Рјабоволова – Минорихо Јонехара (Јапонија) 4-2
Полуфинале
Вероника Рјабоволова – Марија Стадник (Азербејџан) 0-10
За бронза
Вероника Рјабоволова – Миглена Селишка (Бугарија) 0-5

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО