Бетербиев испадна од топ 10 на „Ринг“, Наварет влезе во елитата

Поранешниот светски шампион во полутешка категорија, Артур Бетербиев, повеќе не е рангиран меѓу десетте најдобри боксери во светот според авторитетното списание „Ринг“. Неговата позиција на ранг-листата „паунд фор паунд“ ја зазеде Мексиканецот Емануел Наварете, кој е актуелен шампион во супер перо категорија на ВБО и ИБФ.
Главната причина за падот на Бетербиев е долгото отсуство од рингот. Неговата последна борба беше во февруари 2025 година, кога загуби на поени од Дмитри Бивол, по што не забележа ново учество.
Во исто време, Наварете ја консолидираше својата позиција меѓу најдобрите со активни настапи и силни настапи, што му обезбеди место меѓу елитата на светскиот бокс.
Акутелните топ 10-те според рангирањето на списанието „Ринг“:
Александар Усик
Наоја Иноуе
Шакур Стивенсон
Џеси Родригез
Дмитри Бивол
Хунто Накатани
Давид Бенавидез
Девин Хејни
Оскар Колазо
Емануел Наварете



