БоксПрофесионален

Логан Пол повторно го нападна Мејведер: Флојд сè уште ми должи 1,5 милиони долари

Логан Пол повторно упати сериозни обвинувања кон боксерската легенда Флојд Мејведер, тврдејќи дека сè уште не ја добил целосната сума договорена за нивната егзибициска борба во 2021 година.

Тие се сретнаа во јуни 2021 година на стадионот Хард рок во Мајами во егзибициски меч од осум рунди кој заврши без официјален победник. По настанот Мејведер објави дека заработил речиси 100 милиони долари, додека Пол откри дека неговиот хонорар достигнал околу 5 милиони долари благодарение на приходите од платените емитувања.

Според популарниот инфлуенсер, сепак, дел од договорените средства никогаш не се платени.

„Флојд сè уште ми должи 1,5 милиони долари“.

Пол тврди дека Мејведер ги продал телевизиските права за Блискиот Исток за 10 милиони долари пред борбата, користејќи ги имињата и ликовите на двајцата борци. Тој вели дека договорот што го потпишале му гарантира 15 проценти од тој договор, што е еднакво на 1,5 милиони долари.

Темата повторно беше покрената со Мејведер претходно оваа недела, но поранешниот светски шампион одби да навлезе во детали.

„Му посакувам само најдобро“, рече лаконски Флојд.

Спорот меѓу нив трае веќе неколку години и досега нема индикации дека ќе се реши надвор од нивните јавни размени.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON