Арсовски остана без медал во Премиер лигата

Жарко Арсовски, како натпреварувач на КК Макпетрол (инаку го води клубот КК Штип) не ја искористи шансата за освојување медал во вкупниот пласаман на Карате 1 Премиер лигата во Големото финале во Салзбург.

Zarko Arsovski

Арсовскиво првото коло беше слободен во категоријата над 84 килограми, а во второто се сретна Јонатан Хорне од Германија и загуби со 0:4. Хорне се пласира во вечерашното финале, поради тоа Арсовски доби дополнителна шанса во репасажот, но загуби од Французинот Надир Бенасија со 2:4.

Емил Павлов имаше шанса за медал, но не отпатува за Австрија. Каратистките Сара Радичевска (-55 кг) и Наташа Стефановска (-61 кг) од Макпетрол го освоија петтото место.

Радичевска ги победи Николет Јуха (Унгарија) со 8:0, за потоа да загуби со истиот резултат  Сара Карден од Италија, која беше победничка во оваа категорија. Во репасажот, Радичевска ја победи Сузана Лучиќ од Србија со 5:0, а во борбата за медал загуби од Џенифер Ворлинг од Луксембург со 3:8. Додека нејзината клупска другарка Симона Заборска, во истата категорија, беше поразена во првото коло со 1:0 од Унгарката Беатрикс Тот. Стефановска откако на татамито не се појави Кајли Звахален од Холандија ја доби борбата со службен резултат, а во второто со 4:0 ја победи Швеѓанката Сабина Ловери, додека во третото беше подобра Изабела Петреску од Израел совалдувајќи ја 1:0, но потоа загуби од победничката во нејзината категорија, Французинката Луси Игнас, минимално со 0-1. Во репасажот, Стефановска со 1:0 ја совлада Германката Силвија Шпернар. Медалот го изгуби со судиско прегласување, откако дуелот со Александра Гранде од Перу заврши 0:0.

Симон Антиќ (+84) од Макпетрол во првото коло беше слободен, во второто го победи Финецот Оскари Рајала со 4:0, во третото Михаил Давидов од Русија со 3:0. Во решавачката борба за медал Холанѓанецот Алекс Кремере со 0:1. Мартин Несторовски од КК Металург, во истата категорија, на стартот беше слободен, во второто коло го победи Џеки Цунг од Швајцарија со 10:1, но потоа загуби од Словенецот Себастијан Будиња со 1:3.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО