Александар Ристовски за златото на „Војводинска златна ракавица“ против Алмир Мемиќ од Србија

Македонскиот бокс репрезентативец Александар Ристовски (81 кг) во финалето на 38. Меѓународен турнир „Војводинска златна ракавица“ во Суботица, Србија, ќе се сретне со Алмир Мемиќ од Србија.

Финалните борби се на силниот меѓународен турнир од А категорија се закажани од 19.00 часот.

Тренерот Васко Цубалевски вели дека Ристовски е подготвен и дека одат на злато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО