Таткото на Тајсон Фјури посочи кој може да го победи син му

Таткото на Тајсон Фјури е повеќе од убеден дека неговиот син е најдобриот боксер на планетата, но тој посочи кој може да го симне од врвот.

„Кралот на Ромите“ нема пораз на 31 професионален меч, со само едно реми, а според Џон, човекот што ќе го победи се уште не е роден. Освен ако во тешка категорија не се појави феномен како Флојд Мејведер Јуниор.

„Нема никој на светот да го победи, освен ако не пронајдете Флојд Мејведер 203-сантиметри, 117-килограми. Само таков боксер би му создал проблеми на Тајсон“, рече Џnон Фјури.

Таткото на Тајсон ги коментираше и шансите на Ентони Џошуа во евентуалниот меч против син му да ги обедини титулите.

„Никој не може да се спореди со силата, големината и боксерските способности на мојот син. Неговиот мозок е недостижен за нив. Сите се тешки, со бавни нозе, со комбинација од „1-2“ и лабав арсенал, овој човек ќе ви прости мртов. Ќе ве изеде со се партали“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО