Хамзат Чимаев почна да ги предизвикува борците од средна категорија

Хамзат Чимаев се пожали дека ниту еден борец во полусредна категорија не сака да се бори со него. УФЦ му одреди борба со Стивен Томпсон, но тој одби бидејќи немаше што да добие од таквата средба. Секако, ако погледнеме што направи Чимаев во УФЦ, тогаш ќе бидеме во позиција на Томпсон. Леон Едвардс исто така одби да се натпреварува со Чимаев, затоа што ризикот е поголем од наградата.

Али Абделазиз, кој е менаџер на непоразениот Чеченец, рече дека тројца потенцијални ривали нашле изговори и одбиле да се борат против неговиот клиент. 26-годишниот борец веќе е очаен од колегите во полусредна категорија и ќе го сврти вниманието кон средна категорија.

„Не можат да организираат борба за мене во полусредна категорија. Ќе почнам да предизвикувам борци од средна категорија. Подготвен сум, само дајте ми име и категоријата не е важна. Против кого сакате да ме видите?“, напиша Хамзат на социјалните мрежи:

На крајот на минатиот месец Чимаев за 17 секунди го нокаутира Мершарт во средна категорија. Значи, во УФЦ тој има 2 победи во средна категорија и 1 победа во полусредна категорија.

https://www.instagram.com/p/CGHhbpMlfBY/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО