Алдо: Не сум сигурен дали ќе можам да настапам против Волкановски на УФЦ 237

Иако се појави на прес-конференцијата за претстојниот УФЦ 237, поранешниот шампион на УФЦ, Жозе Алдо, не е сигурен дали ќе учествува на мега настанот против Александар Волакновски. Имено, и понатму го мачат последиците од инфекцијата на коленото поради кое некое време помина во болница.

„Отидов во болница во средата и сакаа да останам една ноќ поради антибиотиците. Потоа, следниот ден антибиотиците не беа ефикасни. Дури во петокот одлучија да го сменат антибиотикот. Во тој момент помислив дека тоа може да влијае на мојот меч. Мислев дека сигурно нема да може да ја одработам борбата на УФЦ 237“, рече поранешниот шампион на прес-конференцијата што се одржа синоќа во Бразил, по повод на УФЦ 237.

По излегувњето од болница неговиот тренер Андре Педереирас беше претпазлив, но тврдеше дека Алдо веројатно ќе настапи и дека подготовките ќе ги направи според планираното. Бразилецот помина четири дена во болница, што влијаеше на неговата физичка состојба.

„Ниту во овој момент не знам дали сум или не сум внатре. Не можам да ви го потврдам тоа, бидејќи пред е медицинската проценка која ќе го одлучи тоа. Ако лекарите ме пуштат, ќе се борам. Денеска имав советување денеска напладне, но морав да дојдам на прес-конференцијата“, потврди Алдо, додавајќи:

„Јас правам се што е во моја моќ. Уште во понеделникот моето колено беше отечено, отидов во салата, се обидував да тренирам … Сакав самиот на себе да докажам дека сум подготвен за настап на настанот во Рио. Овој пат тоа не зависи само од мене, туку и од оценката на докторот и тренерот Деде. Тој ќе го има последниот збор“!

Оваа ППГ претстава ја предводат Роуз Намахунас и Џесика Андраде во судирот за титулата во сламка категорија. На поранешниот шампион во перолесна категорија ова би требало да му биде една од последните борби во неговата кариера, но и шанса да ја запише третата победа по ред. Да потсетиме, во претходните два настапи со технички нокаут ги сопреа Џереми Стивенс и Ренато Моикано.

https://www.instagram.com/p/BvkcS8-AKbY/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО