Русија ќе ги плати сите долгови за боксот да остане на Олимписките игри

Генералниот секретар на Руската боксерска федерација понуди да ги врати долговите на Светската боксерска федерација за да го задржи боксот под покровителство на АИБА на следните Олимписки игри.

Умар Кремлев понуди да го отплати долготот на АИБА од 16 милиони долари. На боксот му се заканува исфрлање од Олимписките игри во 2020 година во Токио по серијата скандали кои с еистражуваат од последните ОИ во Рио 2016.

Меѓународниот олимписки комитет ги замрзна квалификациските турнири за Токио.

Пред неколку дена од водечкото место на Светската боксерска федерација се повлече Гафур Рахимов, а МОК го поздрави тој потег.

Во своето писмо до МОК Кремлев напиша дека е лично подготвен да ги отплати сите долгови на АИБА, така што „нашиот омилен спорт ќе остане во олимписката програма“.

Кремлев е член на Извршниот одбор на АИБА и може да го наследи Рахимов како претседател.

„Сакам да го направам тоа за боксот да остане во олимпиското движење и финансиски проблеми повеќе да не се една од причините поради кои во иднина боксот би бил под закана“.

Одлуката на Меѓународниот олимписки комитет за судбината на боксот на Олимпијадата 2020 ќе биде донесена на 22 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО