Милосрдниот Флојд Мејведер одлучи да подели 10 милиони долари!

Mayweather

Најбогатиот спортист на денешницата, боксерскиот шампион Флојд Мејведер Јуниор одлучи да подели 10 милиони долари!

Боксерот веста ја објави на официјалната страница на FB. Што го натера „Мани“ на ваков потег, не се знае. Флојд често се фали со своето богатство. Секојдневно информира колку има пари, скапи автомобили, авиони и така натаму. За сите кои го следат знаат за неговиот расипнички живот, поради тоа овој потег е многу чуден. Можеби има грижа на совеста зашто се расфрла со парите и на секого тоа му го истерува на нос или ова е само шега, за 1-ви април?

Вистина е дека крваво ги заработи парите, но се поставува прашањето дали е потребно на сите да им кажува колку е богат, кога околу него има многумина на кои 1.000 долари ќе им дојдат како „лек за болна личност“.

Мејведер на 2 мај ќе се бори со Мани Пакијао во „мечот на векот“ од кој двајцата боксери ќе заработат над 100 милиони долари. Кога ќе се погледне во оваа бројка, 10 милиони, изгледа дека Флојд ќе подели нешто ситно. Парите ќе ги добијат 10.000 среќници кои ќе го споделат неговиот статус или ќе ја лајкнат страницата на Флојд.

Еве го статусот на Мани со кој ја информира јавноста за големото дело што ќе го направи:

 „Пред мојата голема борба … Зошто да не им дадеме на луѓето? Имам многу пари. Решив да им дадаме на луѓето кои ме поддржуваа во текот на овие години, бидејќи кога ќе умрам, парите ќе останат овде каде што се. Цела недела размислував за ова и конечно решив дека е време. Нема да го одолговлекувам ова. Да не бевете вие, дали сега јас ќе бев тука со тие пари? Мислам дека не. Велат дека богатите стануваат побогати, а сиромашните посиромашни, но не и овој пат! Сиромашните ќе добијат, а јас сум богат и јас ќе ви дадам и ќе го направам она за што богатите немаа мадиња. Ќе го направам тоа токму сега и ќе и покажам на сите богаташи дека парите ќе останат тука и кога тие ќе умрат. 10 милиони долари нема да ме убијат. Бог ќе ми даде многу повеќе. Оние кои мислат дека блефирам нека се тргнат од мојот сајт. Не играм игри, ова е вистинско „срање“. Тоа беше официјално! 10 000 среќни луѓе ќе имаат 10 милиони долари. Секој ќе добие по 1.000 долари. Тоа е подарок од мене. Победниците ќе бидат избрани по случаен избор. Среќно“!

Да се ​​надеваме дека ова е искрен чин на најбогатиот спортист на денешницата и дека навистина ќе усреќи 10.000 луѓе.

Floyd novac

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО