Олимпискиот шампион Александар Волков отвора клуб за ММА!

aleksandar volkov

Олимпискиот шампион со Русија на Олимписките игри во Лондон 2012 година, Александар Волков, влегува во мешаните боречки вештини. Централниот блокер на „Зборнаја“ и Зенит (Казан) инвестира дел од заработени средства во клуб во ММА, кој ќе го води заедно со неговите пријатели Тигран Ајубов и Глеб Шубски.

Интересот на Волков за борбите се појавил за време на обновената повреда на коленото. Тој бил поканет во салата, гледал и му станало интересно. Така постепено ја донел и одлуката да инвестира.

„Немав и идеја кое колку ќе чини, за да биде опремена една просторија. Но таа веќе е подготвена. Грижата за неа ми ги оттргнува мислите од одбојката во периодот кога не можев да играм. Сакаме да станеме најсилниот клуб во Русија. Буџетот ни се зголеми повеќе отколку што планиравме и затоа сега бараме спонзори“, коментира Волков.На прашањето немаше ли да биде порентабилно да отвори продавница за алкохол отколку да ризикува со спортски клуб, тој одговари дека за него лично алкохолизмот во Русија е голем проблем.„Не ме сфаќајте погрешно, и јас користам алкохол, но со мерка. Многу луѓе пијат и тоа е проблем. Како спортист, претпочитам да воспитам повеќе луѓе како мене, отколку оние кои мислат само како да се напијат“, додава Волков.Тој самиот не планира поактивно да се занимава со мешаните боречки вештини, иако одел и на камп за обука во Тајланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО