Џошуа: Искуството ќе му помогне на Кличко, но во неколку рунди

Неколку дена пред средбата со Владимир Кличко на „Вембли“, Ентони Џошуа се закани дека ќе ја воодушеви публиката во Лондон со нокаут.

Средбата е на 29 април, а Џошуа се соочува со најголемиот предизвик досега.

Владимир Кличко, пак, ќе се обиде повторно да стане светски шампион, откако ја загуби круната од Тајсон Фјури во 2015 година.

Џошуа изјави дека нема да дозволи на Кличко да му открие слабостите во борбата, додавајќи дека ќе се стреми да го нокаутира.

„Ова е моето време. Не верувам дека ќе најде каквибило слабости. Дефинитивно, ќе се стремам кон нокаут, тоа е мојата цел“, изјави AЏ.

„Како професионалец се уште не сум изгубил. Кличко е тежок за удирање и сум свесен за тоа, но јас ќе бркам нокаут. Верувам дека има повеќе од еден начин да одереш мачка. Ќе ги направам работите што е можно поедноставни. Мојата работа е да направам противник да изгледа така, се едно е дали е почетник“.

Многу се шушка за годините, но тоа е спорт за млади луѓе. Има искуство кое ќе му помогне во неколку рунди, но, потоа, младоста, возбудата, адреналинот и брзината ќе почнат да му создаваат проблеми. Нема како да се подготви за она што ќе го става на масата. Без разлика колку искуство има“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО