АктуелноБразилско џиу џицуДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Алексовски: Со одбрана екипа по многу медали

Репрезентацијата во бразилска џиу џица утре ќе настапи на „Сербија БЏЏ Опен 2014“, еден од најсилните турнири во регионот.

Ивица Алексовски

Репрезентацијата ја сочинуваат членовите на нашиот најтрофеен клуб за БЏЏ „Д Стронгест & Рутс“, а ќе ја предводи селекторот, воедно и претседател на Македонската федерација за БЏЏ, Ивица Алексовски.

„Ќе патуваме со минимален број на натпреварувачи, поради финансиски потешкотии, но сигурно ќе се вратиме со повеќе медали“, ни изјави селекторот Алексовски.
Александар Заткоски и Бојан Диков ќе не претставуваат во категоријата за плави појаси, и, доколку обезбедат пласман, а се надеваме дека ќе обезбедат, ќе земат учество и во апсолутна категорија. Стефан Пецевски и Никола Костадиновски ќе борат во категориите за бели појаси.
На минатогодишниот турнир учествуваа тимови од повеќе држави од Балканот и од Европа, но како што највува организаторот годинава конкуренцијата ќе биде посилна.
„Д Стронгест“ минатата година на овој турнир беше прогласен за најдобар тим, со најмногу освоени поени во екипна конкуренција.

Ipon.mk/ В.Д.

 

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON