Ивановски со бронзен медал од Европското првенство

Нашиот репрезентативец Мики Ивановски не се пласира во финалето на Европското првенство во кик бокс во Билбао во категоријата до 81 килограм во К-1, бидејќи во полуфиналето беше поразен од Унгарецот Ласл Чабо.

Мики Ивановски-Валерио Маси
Мики Ивановски-Валерио Маси

Борбата била на завидно ниво во сите три рунди, велат од таборот на нашата репрезентација. унгарецот имал повеќе ножни удари, кои и му ја донеле победата. Во нашето водство се надеваа на финале, но повеќе успех ќе се бара на наредниот месец, вели претседателот на Мкаедонската кик бокс федерација, Александра Неделковска, кога ќе се одржи вториот дел од Европското првенство во Марибор, Словенија.

Dimovski-Aliev
Димовски-Алиев

Вчера Ивановски го совлада Валерио Маси од Италија, кој е свестски шампион, поради тоа денешниот пораз е мало разочарување. и Александар Димовски вчера ја пропушти шансата да се вмеша во борбата за медали откако Русинот Рагим Алиев ја доби борбата со прекин во втората рунда, поради повреда на нашиот репрезентативец.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО