39 медали за Македонската традиционална таеквон-до федерација на „Гран при Зворник 2023”

Македонската традиционална таеквон-до федерација изминатиов викенд (27 мај) на еден од најјаките и најпрестижни натпревари за оваа пролетна сезона Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир од А класа „Гран при Зворник 2023″ во Босна и Херцеговина освои 39 медали – 10 златни, 8 сребрени и 21 бронзени медали.

Медали ги освоија клубовите:

Сонкал – 3 златни и 2 бронзени
Чонџи – 1 сребрен и 1 бронзен
Мастер – 2 златни и 2 бронзени
Ахилиус – 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени
Хва ранг ИТФ – 4 златни, 6 сребрени – 14 бронзени

МТТФ настапи со 44 луѓе, од кои 33 натпреварувачи, 2 судии, 6 тренери и 3 официјални лица.

На овај турнир учествуваа околу 450 натпреварувачи од 50 клубови од 15 земји од Европа – Србија, Словенија, Грција, Бугарија, Македонија, БиХ, Хрватска, Романија, Италија, Австрија, Унгарија, Чешка, Естонија, Украина и Велика Британија. Сите беа со најдобрите поединци за тестирање за наредното Светско првенство кое ќе се одржи крајот на август месец во Астана, Казакхстан.

„Како претседател на МТТФ сум пријатно изненаден од нашите натпреварувачи од сите клубови кои учествуваа. Посебно беше изненадувањето од дебитантите кој имаа 8 години, Ѓорески Теодор од Сонкал, освојувајќи бронзен медал во спаринг деца 8-10 години -30 кг, кој после две последователни победи, беше победен во полуфиналето од страна на судиите во корист на претсавникот од Украина. Исто така и Јосифоски Димитар од Хва ранг ИТФ, кој ососвои сребрен медал во спаринг деца 8-10 години -25кг. Презадоволен сум од тренерите, судиите и официјалните лица, кои најпрофесионално си ги извршија своите обврски“, изјави Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ и додаде:

„Се радувам што сите клубови се закитија со медали, а тоа покажува дека квалитетот кај сите оди во нагорна линија, така што во иднина можеме да очекуваме повеќе врвни успеси. Наредниот викенд одиме во скратен состав  на уште еден престижен А класa натпревар „Софија опен 2023”, а потоа се подготвуваме за организирање Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2023“ по сите европски стандарди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО